ФОРУМОТ Е НАШ

ФОРУМОТ Е НАШ

Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
 
HomeHome  PortalPortal  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Добро ни дојдовте драги пријатели „Тупаџијо еден... ни-за-еден“

Share | 
 

 Bob Marley : Реге ЛЕГЕНДА

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
GokaGrozni
Одржувач на ред
Одржувач на ред
avatar

Број на мислења : 2571
Локација : Куманово
Регистриран на : 2008-08-31

20090330
ПишувањеBob Marley : Реге ЛЕГЕНДА

Кога во 1981 година во својата 36-та година се помина Боб Марли, за жителите на Јамајка беше нешто повеќе од музичар, беше национален херој, политички симбол и олицетворение на многуте аспирации на луѓето со црна боја на кожата, не само од Јамајка туку за сиот трет свет. Judge Not е првиот сингл кој Robert "Bob" Nesta Marley го издава во далечната `62, со него започнува нешто што во тоа време во Кингстон изгледаше безнадежна понуда, синглот ни од далеку не наговестуваше некакво си движење. Малку подоцна ја формира и групата која скоро целата кариера ке го следи Wailers, Simmer Down е вториот сингл кој го издаваат во првото студио воопшто отворено на островот, сингл со SKA-звук. Инспирирани од Кингстон-гетото 1966 го издаваат и третиот сингл винил Rude Boy, по што следува и распаѓање на неговата издавачка куќа Wailing Souls и напуштање на двајца членови од групата. По три години напорна работа во фабрика се враќа со албум Soul Revolution и со нова издавачка етикета Tuff Gong, која за кратко време забележува повеќето од локалните хитови. Следи период во кој Марли се повеќе се интересира за Rastafari движењето, тотална промена на имиџот и уште два албума, African Herbsman и Rasta Revolution кои се под благо влијание на раста-верата.

Со тотално нов звук, од денешна преспектива марлиевски-препознатлив, и со нови членови во групата, ја прават и првата студиска снимка за Island ( Catch a Fire ) всушност тогаш, во 1973 година и симболично започнува и Reggae-то. Следуваат турнеи во САД и Британија, по кои на крајот на `73 се појавува и новиот албум Burn, албум на кој се наоѓа и една од најдобрите песни на Боб Марли ( I Shot the Sheriff ), песна која доживе безброј обработки и од бели музичари. No Woman, No Cry во живо е песната која во историјата на Island е најголемиот снимен хит, се појавува на албумот Natty Dread, албум со кој Bob Marley and the Wailers концертно ја посетуваат дури и Африка. Слудува еден албум во живо ( Live ) и двата студиски албуми ( Vibration,Exodus ) по кои дефинитивно ѕвездата е родена. 1977-та година е година на Марли, имено по објавувањето на синглот Jamming следува серија од седум распродадени концерти во салата Rainbow/London. Доброволниот дисидент и човекот со преживеан атентат конечно, на повикот од премиерот, ја посетува својата Јамајка и го свири концертот ( One love, One Peace ) во `78, година во која излегуваат студискиот Kaya и дуплиот албум во живо Babylon by Bus.

Политички обоениот Survival ( 1979 ) и контраверзниот Uprising ( 1980 ) го покажуваат во ново светло, имено со настапот на прославата за денот на независноста на Зимбабве и примањето на јамајканскиот орден на заслуги, со помош на своите стихови тој ги разбранува апартхеид-водите. Во секој случај, денес тој заслужено го ужива статусот во холот на рок-великаните, музички и ако саката и политички. Во неговата дискографија ке прибележиме уште два албума, постхумниот Controntation и компилациската Legend ( три месеци прв на британскиот топ-10 ).

Умира на 11,Мај,1981 во Флорида од тумор на мозок.


R.I.P.

..............................................................................................................................................
„Име си е име“
Вратете се на почетокот Go down
http://www.youtube.com/GokaGrozni
Share this post on: diggdeliciousredditstumbleuponslashdotyahoogooglelive

Bob Marley : Реге ЛЕГЕНДА :: Comments

avatar
bob marley - no woman no cry
Пишување on Нед 05 Апр 2009, 12:54 pm by Scarlett O'Hara
avatar
Re: Bob Marley : Реге ЛЕГЕНДА
Пишување on Чет 16 Апр 2009, 11:08 pm by Весна
Гока,фала за посветата(во тема азбука) flower Еве еден поздрав од мене afro Смешниот танц

you can fool some people sometimes,but you can`t fool all the people all the time :nesto muzice: нешто музиче 1
avatar
Re: Bob Marley : Реге ЛЕГЕНДА
Пишување on Саб 18 Апр 2009, 11:29 pm by Scarlett O'Hara
Edna od najubavite pesni na Bob Marley!
 

Bob Marley : Реге ЛЕГЕНДА

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 

Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ФОРУМОТ Е НАШ :: ТУПАЛКА :: Порталот е НАШ :: ПОРТАЛ-
Отиди до: